Заврши првата од три работилници „ Ресурси и потенцијали на Крушево за активен туризам“

На 09.07.2019 во хотел Монтана Палас се одржа вториот ден од работилницата „Ресурси и потенцијали на Крушево за активен туризам“ со што заврши првата од 3 работилници кои ќе се одржат во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност и потпроектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“.

На вториот ден претставници од угостителскиот сектор имаа предавања од страна на професорите од Факултетот за туризам од Охрид Иванка Несторовска и Науме Мариноски и интерактивни сесии за дефинирање на проблемите и заеднички пристап во иднина со цел подобар развој на туризмот.

На двата работни дена присуствуваше и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски кој активно се вклучи во дискусијата со професорите и претставниците од угостителскиот сектор.

Работилницата е во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од ЕУ, администриран од Светска банка и имплементиран од Кабинет на Заменик Претседателот на Владата на
Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и кординација со економските сектори, Единица за спроведување на проектот ,, Проект за локална и регионална конкурентност,, и општина Крушево.