Влатко Груевски и претставата „Првин ќе ме земеш, па после ќе ме…“ на „Десет дена Крушевска Република“

Во рамки на 5-от ден од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ 2019 ќе настапи Влатко Груевски тенор, а на 7-от ден ќе се одигра претставата „Првin ќе ме земеш, па после ќе ме…“ на театар Комедија од Скопје.

Негувањето на локалната култура и отстапување простор на талентите од Крушево е една од целиТе на Манифестацијата и токму затоа крушевчанецот Влатко Груевски има свое учество во настанот. Влатко Груевски минатата година беше исто така дел од Манифестацијата со интонирањето на химната на отворањето на „Десет дена Крушевска Република“ .

Што се однесува до претставата „Првин ќе ме земеш, па после ќе ме..“ се работи за комедија која според изведувачите претставува еден вид реално шоу.

„Досега најавивме дека Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ ќе ја отворат овогодинешната Манифестацијата, потоа на 3-ти и 4-ти август ќе ги имам традиционалните унгарска и влашка вечер и на 9-ти август ќе настапи бендот Шербет. Програмата е целосно подготвена и во текот на месец јули ќе биде објавена во детали“, вели градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски за овогодинешното издание на „Десет дена Крушевска Република“.