ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ИЛИНДЕН 2019

Општина Крушево организира турнир во мал фудбал „Илинден 2019“ по пауза од неколку години.

Турнирот ќе се одржи од 15 до 31 јули на повеќенаменското игралиште на „Гумење“, а организацијата е поддржана од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Подолу можете да прочитате подетални информации за одржувањето на турнирот.

Место на одигрување: ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИГРАЛИШТЕ
Локација: ГУМЕЊЕ
Термин: ВЕЧЕРНИ ЧАСОВИ од 19:оо часот и се игра 5+1 екипа, односно екипата може да брои 6-10 играчи.

Пријавување до 12.07.2019 год. во просториите на Општина Крушево.

Образецот за пријавување на екипите се подига од просториите на Општина Крушево, жолта зграда соба бр.19 или може да се симне од веб страницата www.krusevo.gov.mk, подолу во оваа објава.

Учество по екипа 2 000,00 ден. Средствата за учество се уплаќаат при пријавување на екипата со Касата да прими. Одговорно лице и лице за информации: Кире Аврамоски тел. 078 838 329,
Жрепката за одигрување на натпреварите ќе се одржи на 13.07.2019 год. во 12:оо час. во просториите на општина Крушево Центар за информирање на граѓаните.

Турнирот започнува на 15.07.2019 завршува на 31.07.2019 год

НАГРАДЕН ФОНД
I МЕСТО 40 000 денари
II МЕСТО 20 000 денари
III МЕСТО 10 000 денари.

Please follow and like us:
Share