Општина Крушево ќе се справува со кучињата скитници

Општина Крушево спроведува постапка за справување со кучињата скитници со цел нивно хумано третирање и безбедност за граѓаните и туристите.

Локалната самоуправа спроведува тендер за набавка на услуга за заловување на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња на територија на општина Крушево и нивен хуман третман.

Според градоначалникот на општината Томе Христоски со ова ќе се обезбеди побезбедно движење за граѓаните и туристите, но и спречување на труење на кучињата.

„Ја спроведуваме оваа постапка за да обезбедиме побезбедна средина за нашите граѓани и туристите, но и да го спречиме труењето на животните. Целосната постапка е во тек и очекуваме за брзо време да се започне со работа на терен.“, изјави градоначалникот Христоски

Линк до јавниот повик: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/29c8ec03-9b32-4ca0-9825-08940ddcf920/13