Анкета за работата на ЈП „Комуна“, резултатите од анкетата за општината се прегледуваат

По завршувањето на анкетата за работата на општина Крушево од денес и во наредните седум дена ќе се испитува јавното мислење за работата на јавното комунално претпријатие „Комуна“ Крушево.

Како и претходната, анкетата за „Комуна“ можете анонимно да ја пополните во просториите на општина Крушево – од утрово анкетата е достапна во локалната – и „онлајн“ на следниот линк: https://forms.gle/8PEuXc3KDfWqJUrH8

Резултатите од анкетата за локаланта самоуправа се прегледуваат и според нив ќе се насочува работењето за поголема ефикасност и услужливост кон граѓаните.