Унгарска и влашка вечер на 3 и 4 август, „Десет дена Крушевска Република“

Традиционалните унгарска и влашка програми во рамки на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ оваа година ќе се одржат на 3-ти и 4-ти август, соодветно.

„Како и секоја година разноликоста на Манифестацијата е претставена преку вечерите во организација на Унгарската амбасада и влашката заедница и здруженија од Крушево и државата.“, вели градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Од Манифестацијата известуваат дека програмата за 2019 година е пред комплетирање и постепено ќе се објавува преку „Фејсбук“ страницата на организацијата на следниот линк: https://www.facebook.com/desetdenakrusevskarepublika/

Програмата ја донесува Советот на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ кој е составен од реномирани уметници, професори и луѓе поддржувачи на Манифестацијата.

Подолу можете да погледнете фотографии од унгарската вечер од минатата година.