Општина Крушево спроведува анкета за работењето на локалните институции, пополнете ја анкетата за општина Крушево

Општина Крушево од денес, понеделник (24.06.2019), започнува со спроведување на анкети за општината и сите институциите под локална надлежност со цел испитување на јавното мислење за работата на институциите.

Денес, па се до крајот на оваа седмица ќе се спроведува анкета за општина Крушево која може да се пополни „онлајн“ или во просториите на општина Крушево.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски пред неколку дена ја најави оваа активности која, според него, треба да каже детално како институциите фунцкионираат и понесување одговорност на секој вработен.

„Сакаме да го испитаме мислењето на граѓаните за тоа колку ние како институции им излегуваме во пресрет, колку граѓаните се задоволни од градоначалникот, од одделенијата во општината и секој еден вработен. Ние сме тука во служба на моите сограѓани. Апелирам до граѓаните да ја пополнуваат оваа анкета за да можеме од тука да тргнеме во промените и во создавање поголема услужливост.“, изјави градоначалникот Томе Христоски.

Анкетата може да се пополни на следниот линк: https://forms.gle/cz9ZK8HKKV3iiRKJ7