Делегацијата на ЕУ со еколошки акции на When in Krusevo

Делегацијата на ЕУ во Скопје организира две акции за чистење на отпад во Крушево во рамки на фестивалот на отворен „Вен ин Крушево“ (When in Krusevo).

На штандот на Делегацијата можат да се пријават сите заинтересирани за еколошките акции кои ќе се спроведат на 22.06, сабота, околу Крушевско Езеро и на 23.06 во градскиот парк.

Делегацијата на ЕУ е исто така поддржувач на When in Krusevo, покрај општина Крушево, Министерство за култура, Агенција за промоција и поддршка на туризмот и многу приватни компании.

Please follow and like us:
Share