Општина Крушево со силна поддршка за When in Krusevo, одржана средба меѓу градоначалникот и организаторот

Оваа година општина Крушево учествува со голема поддршка во организацијата на фестивалот на отворено „Вен ин Крушево“ (When in Krusevo) и непосредно пред почетокот градоначалникот Томе Христоски одржа средба со Димитар Ангелкоски, еден од организаторите на настанот, кој очекува годинава да се надмине бројката од 3 000 посетители на град Крушево и настанот.

„Општина Крушево во рамки на своите можности се труди да поддржи што е можно поголем број на настани, а еден од настаните кои најмногу привлекуваат туристи е токму „Вен ин Крушево“. Затоа и оваа година даваме силна поддршка на настанот.

Формален организатор на фестивалот „Вен ин Крушево“, кој по трет пат се одржува, е еколошкото здружение Аутдор Манифест составено од млади крушевчани

Фестивалот започнува утре, 21.06.2019, а целосната програма можете да ја погледнете на следниот линк: http://wheninkrusevo.mk/%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%81/%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%B4/

Покрај општина Крушево и многу компании настанот е поддржан од Министерство за култура и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.