Општина Крушево ќе ги емитува филмовите на Милчо Манчевски, режисерот ги отстапи бесплатно на локалната

Познатиот македонски режисер Милчо Манчевски отстапи дел од своите филмови на општина Крушево да ги емитува како дел од настаните организирани во рамки на годишната програма за култура.

„Испраќам срдечна благодарност до нашиот познат режисер Милчо Манчевски кој ги отстапи филмовите на наше користење и истовремено овозможи преку нашите настани да ја промовираме македонската филмска продукција и самиот режисер“, изјави градоначалникот по подигнувањето на филмовите од Банана Филм ДООЕЛ продукција.

Филмовите кои ќе се прикажуваат се „Мајки“, „Пред дождот“, „Сенки“ и „Прашина“

Веќе првиот филм ќе биде емитуван како дел од фестивалот When in Krusevo викендот што следи од 21 до 23 јуни, а останатите како дел од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ и други настани во рамки на културната програма.