Крушево има голем потенцијал за рурален развој, Прв национален рурален парламент во Крушево

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоки на Првиот национален рурален парламент кој во четврокот се одржа во Крушево, во хотелот Монтана Палас се осврна на потенцијалите за рурален развој во општина Крушево и дебатираше со претставници на здруженија и организации.

„Во 21-ви век нашите населени места се соочуваат со нерамномерен развој и со проблеми од основен карактер за опстанокот за граѓаните. Ја затекнавме општината со ниту еден изработен проект, а денес имаме 30 готови кои во најголем дел ги засегаат населените места.“, изјави градоначалникот на општина Крушево.

Христоски порача дека населените места имаат обработливи површини, нивната местоположба е во непосредна близина на индустриската зона и имаат пристап до неколку општини и се ова, според него, претставува потенцијал на руралниот развој.

На Руралниот парламент присуствуваат претставници од здруженија, владини организации, министерства и граѓани и најголемиот дел од нив имаа прилика да дебатираат со градоначалникот на општина Крушево и да отворат некои прашања.