Ден 2 од Пролетниот параглајдинг куп Крушево 2019

Во тек е вториот ден од Пролетниот меѓународен параглајдинг куп Крушево 2019 и учесниците од цела Европа денес повторно го исполнија полетувалиштето за параглајдинг на Мечкин Камен.

Во рамките на пот-проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ се реконструира спортската сала во Крушево и се проширува нејзината намена, се посетија два меѓународни саеми, се набавија мини бус и АТВ четирицикл за превоз на параглајдеристи.

Пролетен меѓународен параглајдинг куп Крушево 2019 година е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од Европска Унија, имплементиран од Кабинетот на заменик министерот за економски прашања во Владата на Република Северна Македонија, канцеларијата на Проектот и општина Крушево, а Светска Банка се јавува како администратор на проектот.