Отворена изложбата на творби од креативни пациенти

Денес (27.05.2019) во 12 часот во Домот на култура „Наум Наумовски Борче“ Крушево свечено беше отворена изложбата на творби од креативни пациенти во организација на ЈЗУ Психијатриска болница од Демир Хисар во соработка со домот на култура.

На отворањето присуствуваа претставници од двете институции организатори, а изложбата за крушевчани и посетителите на Крушево ќе биде отворена до 02.06.2019.

Подолу можете да погледнете неколку фотографии од првиот ден на манифестацијата.