Тур оператори и новинари од Хрватска го посетија Крушево и отворија нови можности за угостителите и општината

На 11.05.2019 тур оператори и новинари од Хрватска го посетија Крушево, се запознаа со дел од историјата на градот, а градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски им додели промотивен материјал од Крушево.

Нивната посета започна со ручек во ресторан Шапе Крушево, потоа следуваше дегустација на локум, па прошетка во центарот на градот и запознавање со историјата позади црквата Св. Никола, посета на спомен куќата „Тодор Проески“, гробното место на Тоше и посета на „Македониум“.

Пред заминување градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски додели промотивен материјал од Крушево и се заблагодари на посетата.

„Крушево и Хрватска имаат нешто што многу не врзува, а тоа е Тоше Проески. Имаме потпишано меморандум за соработка со град Нова Градишка, а преку оваа Ваша посета сакаме да ја продлабочиме соработка со вас, да привлечем повеќе посетители и да се запознаете со угостителскиот сектор.“, им порача на присутни градоначалникот Христоски.

Целта на оваа посета беше запознавање со угостителскиот сектор во Крушево од страна на тур операторите и промоција на понудата на градот преку хрватските медиуми.

Посетата ја организираше Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со поддршка на општина Крушево.