Соопштение за претставниците на приватниот сектор во општина Крушево

Почитувани претставници на приватниот сектор од општина Крушево.

Во вторник, на 14.05.2019, градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски ќе одржи средба со Амбасадорот на Република Чешка во Северна Македонија со Н.Е. господин Мирослав Томан и претставници од економскиот тим на Република Чешка.

На средбата, меѓу другото, ќе се разговара за можна соработка со бизнис секторот од пријателска Чешка што може да отвори можности за соработка со приватниот сектор во општина Крушево.

Сите заинтересирани стопанственици од Крушево најдоцна до 13.05.2019, 16 часот, во просториите на општина Крушево, да достават информации за нивната дејност на работа и изразување на интерес за соработка со Република Чешка.

Со почит,

Општина Крушево


Please follow and like us:
Share