Неделен информатор – 29.04 – 03.05.

Во работната седмица од 29-ти април до 3-ти мај локалната самоуправа ги реализираше следниве активности.

29.04.

  1. Општина Крушево објави соопштение за посетеноста на Крушево и таа покажува дека за Велигден Крушево беше исполнето со посетители, домашни и странски, луѓе кои го сакаат Крушево и внатрешно раселени крушевчани.

30.04.

  1. Одбележување на патрониот празник на ОУ Никола Карев Крушево, полагање на цвеќе од страна на градоначалникот и претставници од советот. На овој ден беа спроведени и активности од проектот за меѓуетничка интеграција во кој е вклучено училиштето.
  2. Активностите на реконструкција на спортската сала се во напредна фаза.

02.05.

  1. Градежните активности во горната училишна зграда течат непречено.
  2. Се поставуваат одводни цевки во с. Пресил.

03.05.

  1. Пристигна соларката за новиот трактор и со тоа се комплетира опремата за зимско одржување на улиците, но и подобрување на механизацијата за справување со отпадот.
  2. Објавено промотивно видео за уредувањето на полетувалиштето за параглајдеристи.