Пристигна новиот трактор со плуг за снег и соларка

Na 25.04.2019 година во Крушево пристигна тракторот со приклучна механизација набавен со финансиска поддршка на Амбасадата на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, а со учество од страна на општина Крушево и ЈКП „Комуна“.

Тракторот има вграден плуг за снег и соларка и истиот ќе се користи за собирање на отпад и чистење на снег во зимскиот период. Преку оваа набавка се подобрува техничката опременост на комуналното претпријатие во Крушево и се обезбедуваат поодбри услуги кон граѓаните.

„Голема благодарност до АМбасадат на СР Германија за финансиската помош без која не ќе моѓевме да го набавиме ова возило. Со оваа набавка продолжуваме да работиме на подобрување на јавната чистота, но и ефикасно зимско одржување на улиците“, порача градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски при приемот на возилото.

Набавката на тракторот со приклучна механизација изнесува
657.429 денари со 50 отсто учество на Амбасадата на СР Германија и 50 отсто учество на локалната самоуправа и ЈП „Комуна“.

Подолу можете да погледнете фотографии и видео записи од приемот на возилото.