Северна Македонија со најголема раст во туризмот во Европа, Крушево предводник во растот на бројот на ноќевања

Република Северна Македонија е една од државите во Европа со најголем раст во бројот на ноќевања на туристи, а Крушево заедно со Скопје, Охрид и Битола се предводниците на тој раст, според веб порталот https://www.travel-advisor.eu/koja-europska-ima-najveci-rast-u-turizmu/?fbclid=IwAR2E4JlsSpld8J2wgXOK9MwibxtoXjhJRPXYoo2tz-Cs7tzuo7lXMPM83PI.

Во 2018 година општина Крушево забележува раст од 67 отсто во бројот на ноќевања и самото тоа повлекува дека интересот за Крушево како дестинација станува се попопуларна.

Општина Крушево во моментов реализира неколку проекти кои имаат за цел да го унапредат Крушево како дестинација за авантуристичк туризам, но и да ја продолжат туристичката сезона во градот и општината. Реконструкцијата на спортската сала е во тек, во текот на минатата недела општина Крушево доби мини бус за превоз на параглајдеристи кои се активности од проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“. Исто така, општина Крушево изработува промотивни брошури, веб страница и апликација, промотивно видео и посети дел од меѓународните саеми во соседството на државата.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски порачува дека заложбата на општината веќе дава резултат, а туризмот е во фокусот на работата.

„Нашата цел е Крушево да стане дестинација за авантуристички туризам и дестинација која е масовно посетувана во текот на цела година. И покрај огромниот број на проекти кои се реализираа во моментов, изградба на резервоар за вода во с. Борино, цевковод во с. Саждево, реконструкција на горна училишна зграда, реконструкција на улици и друго, туризмот е во нашиот фокус и ќе продолжиме да работиме во таа насока затоа што Крушево веќе е препознатлива дестинација на Балканот и Европа“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.