СОУ „Наум Наумовски Борче“ и Француски институт распишуваат конкурс за најдобар есеј

СОУ „Наум Наумовски Борче“ во соработка со Францускиот институт во Северна Македонија распишуваат конкурс за најдобар есеј на тема „Што значи да се биде „Еко граѓанин“, што е дел од активностите за почиста животна средина во организација на Францускиот институт, Амбасада на Швајцарија, Општина Крушево, ЈП Комуна, Лајонс клуб Крушево и основното и средното училиште.

На конкурсот можат да се пријават ученици од 8-мо и 9-то одделение од ООУ „Никола Карев“ и „Св. Кирил и Методиј“ од с. Бучин и учениците од 1-ва, 2-ра и 3-та година од СОУ „Наум Наумовски“, а во приложениот документ можете да ги погледнете деталите околу концептот при пишувањето на есејот.

Есеите треба да се доставуваат до СОУ „Наум Наумовски Борче“, ул. Тодор Проески бр.91, Крушево со јасно наведено име и презиме, одделение или година и назнака: За конкурс за есеј на тема „Што значи да се биде „Еко граѓанин“. Учениците можат да ги доставуваат своите есеи до 27.05.2019.

Наградувањето на најдобрите ќе биде во конкуренција на секои одделение и година одделно, односно од секое одделение и секој клас ќе има избор на најдобар есеј.

Контакт за подетални информации:

Телефон: 072/312-532

Електронска пошта: nnborce@gmail.com

Овој конкурс е дел од заедничката заложба за почиста животна средина кој вклучува чистење од пластика на 7-ми јуни во организација на Општина Крушево, СОУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Никола Карев“, ЈП „Комуна“, Лајонс клуб Крушево, Француски институт, Амбасада на Швајцарија.

Крушево, еко град – #ЗаПочистоКрушево