Освоено злато на меѓународниот натпревар во Хрватска по гастрономија на учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево

Учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево Давид Трајкоски и Бојан Седлоски на меѓународниот натпревар за гастрономија во Хрватска освоија златен медал, а средното училиште од Крушево го освои второто место во конкуренција од 24 училишта од Европа.

Заедно со претставник од хотел Монтана Палас Крушево, како еден од главните покровители, учениците, менторот Оливера Карева Скола со асистенција на професорот Љупчо Крстески и директорката Снежана Миленкоска одржаа средба со градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски, по повод постигнатиот успех, на која добија честитки за успехот и разговараа за понатамошна соработка и промоција на струките од областа на угостителството, како и дополнително поттикнување на учениците од крушевското средно училиште.

На 14-от Меѓународен фестивал по гастрономија Супетар – Брач, Република Хрватска кој се одржа од 9-ти до 14-ти април 2019 г. учениците имаа можност да присуствуваат на мастер часови од реномирани европски шефови на кујни, а покрај професорите, директорката и покоровителите несебична поддршка во подготовката даде и шев Христијан Јорданоски.

Тимот од „Наум Наумовски Борче“ на средбата во кабинетот на градоначалникот упати голема благодарсност за безрезервната поддршка на следниве поддржувачи и покорвители:

  1. Хотел Монтана Палас Крушево
  2. Пицерија Скар, Крушево
  3. Ресторан Шалом, Струмица
  4. Пицерија Дел Посто, Прилеп
  5. Ресторан Алавантиоски, Прилеп
  6. Ресторан Алтан, Прилеп
  7. Одморалиште Преспа
  8. Стив Импекс Крушево
  9. Хотел Панорама & Спа Крушево
  10. Општина Крушево.