Амбасадори на неколку држави се запознаа со потенцијалите на Крушево

На 12.04.2019 во посета на Крушево беа неколку амбасадори и нивни делегации кои направија прошетка низ Крушево, се запознаа со потенцијалите на општината и со градоначалникот на општината и други засегнати страна разговараа за реализација на идни проекти.

Како дел од посетата беа посетени спомен куќата „Тодор Проески“, Леарницата, галеријата Никола Мартиноски, полетувалиштето на Мечкин Камен и дел од патеките за планински велосипедизам, а делегациите положија цвеќе на меморијалната табла во Крушево во чест на унгарските бегалци кои во минатиот век престојувале во Крушево.

Гостите заедно со градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски го посетија и Инфо центарот за авантуристички туризам и разговараа за она што досега е сработено во овој дел, но и за отворање на нови можности во иднина.

Дел од посетата беа Амбасадорот на Унгарија во Република Северна Македонија Н.Е. господинот Ласло Истван Дукс, Амбасадорката на Швајцарија Н.Е Сибил Зутер Техада, претставници од Амбасадата на Словачка и делегации кои ги придружуваа амбасадорите.

Посетата на амбасадорите е во организацијата на здружените „Добредојде“ Welcome Macedonia Centre во соработка со Амбасадата на Унгарија и општина Крушево.