Крушево ќе го посетат Амбасадори од повеќе земји и туристички работници

ИСПРАВКА

ПОСЕТАТА НА НАЈАВЕНИТЕ АМБАСАДОРИ ЌЕ СЕ СЛУЧИ НА 12.04.2019 (ПЕТОК) И ЌЕ ЗАПОЧНЕ ОД СПОМЕН КУЌАТА “ТОДОР ПРОЕСКИ”

На 12. 04.2019 Крушево ќе го посетат Амбасадори од неколку Амбасади во Република Северна Македонија заедно со туристички работници, познати во својата област.

Агендата за овој настан предвидува прошетка во Крушево и работни средби за отворање нови можности за подобра туристичка промоција, инфраструктурен развој и нови инвестиции.

Средбата ќе започне од спомен куќата “Тодор Проески” на градоначалникот во претпладневните часови, во петок 12-ти април.

Please follow and like us:
Share