Честитка на градоначалникот по повод Меѓународниот ден на Ромите

Почитувани,

Денес, 8-ми април, е Меѓународен ден на Ромите. Овој ден означува одбележување на културата и вредностите на ромскиот народ, но и подигање на свеста во борбата со сите предизвици со кои се соочуваат припадниците на овој народ.

Сакам на сите Роми во Северна Македонија да им го честитам овој голем ден за нив, но и за нас како одлика на едно разнолико и мултиетничко општество. Мораме уште многу да работиме за сите граѓани да бидат еднакви, но концептот едно општество за сите, кое е наша цел, меѓу другите ги опфаќа и Ромите.

Сите ние сме заедно со Ромите во нивната секојдневна борба за права, еднаквост и можности за сите.

Уште еднаш го честитам Меѓународниот ден на Ромите.