Неделен информатор – 01.04.2019 до 06.04.2019

Во текот на работната седмица од 1-ви до 6-ти април 2019г. локалната самоуправа ги реализираше следните активности.

01.04.2019

  1. Локалната самоуправа во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Армијата на Република Северна Македонија се справуваат со пожарите на неколку локации во општина Крушево.

2. Се одржа традиционалниот првоаприлски маскенбал на градскиот плоштад во Крушево.

02.04.2019

  1. Втор ден продолжува гасењето на пожарите.

2. Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски дел од бизнис форумот на македонски и чешки стопанственици.

03.04.

  1. Заврши зафатот за спроведување крак од водоводна мрежа во населеното место Саждево, се работи на приклучоци на домаќинства.

2. Тековно се изведуваат активности за подобрување на јавната хигиена.

3. Објава на два настани кои претстојат во Крушево: Стенд ап со Бојан Велевски и Пролетен параглајдинг куп 2019

http://krushevo.com/mk/events/stend-ap-so-bojan-velevski

4. Продолжува изградбата на резервоарот за питка вода во с. Борино

5. Нова донација од 172 квадратни метри Бехатон плочки со кои ќе се рекоснтруира улица во с. Свето Митрани.

6. Посета на портпаролот на Владата на Северна Македонија на општина Крушево и средба со градоначалникот Христоски

7. Чистење на јазот во с. Бучин

8. Закажана традиционалната смотра на автохтони македонски Шарпланинци.

http://krushevo.com/mk/events/specijalizirana-smotra-na-makedonski-avtokhtoni-kuchina-sharplaninci

9. Градоначалникот гостува на приредбата по повод патрониот празник во градинката „Гонча Туфа“ во Крушево.

05.04.2019

  1. Продолжуваат активностите за чистење на јазот во Бучин и реконструкција на улица во Крушево

2. Закажани неколку тури со планински велосипедизам во Крушево

06.04.2019

  1. Продолжува реконструкцијата на улица во с. Саждево.
Please follow and like us:
Share