Крушево дел од проектот „Малите општини против евроскептицизмот“

Во септември 2018 година Крушево беше дел од проектот „Малите општини против евроскептицизмот“, односно во Дом на култура „Наум Наумовски Борче“ се одржа дебата во која граѓаните на општината ги искажаа своите ставови за Европската унија.

Во продолжение можете да прочитате кратко соопштение од спроведувањето на проектот.

Проектот “Малите општини против евроскептицизмот” е спроведуван од апликантот ЛАГ Призаг Хрватска во партнерство со 8 држави од Европа, со финансиска поддршка од програмата “Европа за граѓаните”. Цел на овој проект е да се истажи јавното мислење и да се дебатира за евроскептицизмот во малите општини и руралните средини. Во текот на проектната имплементација во траење од 19 месеци, беа организирани 6 меѓународни настани. Четири од нив беа јавни дебати во кои граѓаните активно ги искажаа своите мислења и ставови за Европската Унија и нејзината иднина. На настаните учество зедоа многу лица од различна националност, возраст, професионално искуство, етничка припадност и верувања како студенти, фармери, јавни личности, пензионери … На дебатите беа споделени позитивните и негативните ставови поврзани со членството во ЕУ, реализираните проекти и нивниот успех, предизвиците со кои се соочуваат земјите членки и земјите-кандидати за членство во ЕУ, како и интеракцијата со граѓанското општество и институциите. Активното вклучување на младите беше присутно низ целиот проект. Дебатите отворија прашања за евроскептицизмот (причини, закани, грижи, добри практики …) со помош на граѓани, волонтери и други претставници. Проектот овоможи отворена дебата за Европа, перспективите на граѓаните и што би сакале да се промени во иднина за зголемување на квалитетот на животот во локалната заедница.

Проектни активности: Во текот на проектот беа организирани 6 настани. Првиот, официјален настаб – отворање на проектот, се одржа во Хрватска. Претстојните настани беа структурирани како јавни дебати каде граѓаните ги изразуваа своите мислења за ЕУ. Првата дебата беше во Португалија, втора во Романија, третата во Крушево, Македонија и четврта во Словенија. Финалниот настан, завршната конференција на проектот, повторно се одржа во Хрватска. На следните страници, ви ги презентираме активностите и информациите евидентирани за време на настаните.

Please follow and like us:
Share