Градоначалникот Христоски дел од Бизнис форумот на македонски и чешки стопанственици

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски вчера (03.04.2019) беше дел од бизнис форумот на македонските и чешките стопанственици пред кои ги претстави можностите за инвестирање во општина Крушево.

Градоначалникот Христоски разговараше за условите за инвестирање во Крушево на производствени погони и отворање нови работни места, како и искористување на потенцијалите на општината со помош на бизнис мерките на Владата.

„Го претставив она што ние како општина го нудиме, нашата подготвеност и отвореност за соработка и воспоставивме едно пријателство кое верувам ќе резултира со инвестиции во Крушево и отворање нови работни места. Ќе продолжиме да соработуваме со Амбасадата на Чешка во Северна Македонија за преку нив подетаљно да ги запознаеме со условите за работа во Крушево“, изјави градоначалникот Томе Христоски.

Целта на Бизнис форумот е да асистира во склучувањето партнерства за зацврстување и интензивирање на деловната соработка меѓу двете земји.

Општина Крушево ќе ги претстави своите можности и пред заинтересираните грчки компании чии претставници вчера ја посетија Северна Македонија.

Подолу можете да погледнете фотографии од Форумот.