Со асистенција на Армијата се работи на опожарените места во општина Крушево

Изминатите денови Територијалната противпожарна единица Крушево во сработка и координација со Дирекцијата за заштита и спасување, а од денес и со асистенција на Армијата на Република Северна Македонија се постојано на терен во справувањето со пожарите кои се шират во околината на Крушево.

Во моментов пожари има околу населените места Норово и Алданци и со помош на хеликоптер на Армијата се работи на нивно ублажување и целосно гасење.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски упати благодарност до Армијата на Северна Македонија за помошта во справувањето со пожарите.

„Армијата на Република Северна Македонија со свој хеликоптер денеска помага во справувањето со пожарите кои се шират во околината на Крушево, особено во пределите на населените места Норово и Алданци.
Упатувам благодарност до Армијата за оваа помош во заштитата на граѓаните и нивниот имот.”, порача градоначалникот Томе Христоски.

Подолу можете да погледнете фотографии и видеа од активностите за справување со опожарените локации.