Се чисти главната улица во Крушево со асистенција на противпожарната служба

Денеска, 25.03.2019, се чисти главната сообраќајница во град Крушево од страна на ЈП „Комуна“ со асистенција на противпожарната служба во Крушево.

Во текот на денешниот и утрешниот ден се чисти од чешмата викана „Јаноска“ па се до влезот на градот.

Чистењето на улиците доаѓа по големата акција за чистење која беше спроведена на 21-ви март од страна на локалната самоуправа, „Комуна“, СОУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Никола Карев“ и граѓани волонтери.

Подолу можете да погледнете фотографии од активностите на терен.