Продолжува проектот за меѓуетничка интеграција, Крушево пример за мултиетничка толеранција

Како и вчера така и денес(22.03.2019) градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски го посети с. Норово каде што продолжуваат активностите од проектот за меѓуетничка интеграција во кој е вклучено ООУ „Никола Карев“ Крушево.

Денес учениците од с. Норово работеа во соработка со училиште од Градско, ОУ „Даме Груев“, и разработуваа теми како природно прочистување на вода, па беше презентиран реферат за Градско и како тие работат на ова поле и значењето од чистата вода, беше презентирана една еколошка песна и друго.

И оваа активност беше дел од погоре наведениот проект и врз основа на потпишан меморандум со ОУ „Даме Груев“ од Градско.

Градоначалникот на општина Крушево повторно порача дека со ваквите активности се работи активно на две полиња, а тоа е меѓуетничка толеранција и интеграција и здравата животна средина.

„Во иднина ќе продолжиме како локална самоуправа да поддржуваме вакви проекти преку кои ја зацврстуваме меѓуетничката толеранција и интеграција и заедничкиот придонес во здравата животна средина. Крушево е пример за мултиетничност и заедничко живеење на различни етникуми.“, порача градоначалникот Христоски.