Кино Сојуз и Народна техника на Северна Македонија ќе организираат повеќе национални и меѓународни настани во Крушево

Денес, 22.03.2019, во кабинетот на градоначалникот се одржа средба меѓу градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и претставници од Кино сојуз на Северна Македонија и Народна техника на кој беше начелно договорено одржувањето на Фестивалот на непрофесионален филм на Северна Македонија.

Фестивалот ќе се одржи кон крајот на мај месец во Крушево и градот ќе биде посетен од десетици учесници и посетители на Фестивалот.

Претставниците од Кино сојузот и Народна техника Перо Митрев, проф. д-р Саша Дукоски и Николина Дукоска го посетија и СОУ „Наум Наумовски Борче“ и разговараа за одржување на различен тип на национални и меѓународни образовни натпревари.