„Различни, но сепак исти“ – Светски ден на лицата со Даунов синдром

По повод 21-ви март Светскиот ден на лицата со Даунов синдром градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски, директорката на СОУ „Наум Наумовски Борче“ Снежана Миленкоска и учениците од средното училиште на симболичен начин го одбележаа овој ден и испратија позитивни пораки.

Во ходникот на „Наум Наумовски Борче“ дел од учениците облекоа шаренолики чорапи, а градоначалникот и директорката во рацете држеа банер со порака „Различни, но сепак исти“, испишана со различна големина на букви од повеќе азбуки и јазици.

Целта на оваа симболична активност, како што потенцираа Христоски и Миленкоска, е пораката дека треба да бидат прифатени различните и сите заедно да живееме во еден инклузивен свет.