Средба на градоначалникот Христоски со директорот на УХМР Ивица Тодоровски

Денес, 21.03.2019г., градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски одржа работна средба со Директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Ивица Тодоровски.

На состанокот се разговараше за соработка меѓу двете институции во пресрет на летната сезона и натпреварите во параглајдинг, поконкретно соработка во однос на навременото известување за временските услови и различните природни појави на оние кои сакаат да го посетат Крушево, организаторите на настаните, но и локалната самоуправа.

Градоначалникот Христоски и директорот Тодоровски ја посетија и мерната станица на Управата во Крушево.