Голем интерес за Крушево на саемот во Загреб, Хрватска

Општина Крушево во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и хотел Монтана Палас се претстави на меѓународниот саем за туризам во Загреб, Хрватска.

Промотивен материјал од Крушево беше изложен на познатиот саем во Хрватса кој се одржа од 15 до 17 март, а заинтересираноста и на овој саем беше голема.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски изрази благодарност за соработката со Агенциајта за туризам и порача дека Крушево ќе продолжи да се промовира во меѓународни размери.

„ Сакам да упатам голема благодарност до Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот г-дин Љупчо Јаневски што дава и свој личен допринос за афирмација и промоција на нашата општина.

Заедно со угостителскиот сектор ќе продолжиме активно да работиме на промоција на Крушево како препознатлива туристичка дестинација, а тоа беше прикажано и преку соработка со еден од хотелите во Крушево за овој саем.“, порача градоначалникот на општина Крушево.

Во текот на февруари 2019 година Крушево ги посети меѓународните саеми за туризам во Софија, Бугарија и Белград, Србија.