Набавени две смукалки за собирање на отпад, подобрување на чистотата во Крушево

Во рамките на тековното опремување на јавното комунално претпријатие „Комуна“ Крушево локалната самоуправа набави две рачни смукалки за собирање на отпад кои ќе бидат отстапени на претпријатието.

Овие апарати чинат околу 30 000 денари и истите ќе бидат ставени во употреба за подобро одржување на чистотата во градот.

„Продолжуваме со тековно опремување на „Комуна“. По набавката на камион за собирање отпад, потпишување договор за финансирање на трактор со приклучна механизација, сега набавивме и смукалки кои, од една страна, ќе ја подобрат опременоста на ЈП „Комуна“ и, од друга страна“, ќе се подобрат услугите кон граѓаните и чистотата во градот како посетувана туристичка дестинација.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски