Општина Крушево добива нов ровокопач, ќе го користи со општините Кривогаштани и Демир Хисар

На барање на Владата, Европската Унија обезбеди 15,5 милиони евра за развој на руралната инфраструктура. Вкупниот износ на програмата, вклучувајќи го и кофинансирањето од страна на Владата изнесува 20,667 милиони евра. Програмата ја имплементира Министерството за финансии, а истата е администрирана од страна на Светска банка. 

Во рамките на оваа програма се реализира проектот „Набавка на универзални ровокопачи – натоварувачи за потребите на руралните општини“. Преку набавката на 10 (десет) ровокопачи која е финансирана со средствата од Европската унија, ќе се придонесе кон зајакнување на капацитетите на општинските јавни претпријатија и поквалитетно одржување на инфраструктурата во руралните области. Ровокопачите ќе бидат доделени на 10 општини кои во група со уште по две општини заеднички ќе можат истите да ги користат, односно вкупно 30 општини ќе бидат корисници на овој проект.

Еден ровокопач е доделен на општина Крушево, кој заеднички ќе го користат и општините Кривогаштани и Демир Хисар.

Проектот е дел од редовната годишна програма на Владата на Република Северна Македонија и општина Крушево.