Државниот фестивал на непрофесионален филм годинава во Крушево

Оваа година во месец мај во Крушево ќе се одржи 48-от Државен фестивал на непрофесионален филм на кој се очекува да настапат многу перспективни режисери од Македонија. Тие ќе се натпреваруваат во категориите: Документарин филм, краток игран филм, експериментален филм, Анимиран – цртан филм, едноминутен филм.

Фестивалот е во организација на Кино сојуз на Македонија и народна техника на Македонија, а со поддршка на Агенцијата за филм на Македонија и општина Крушево.

„Државниот фестивал на непрофесионален филм оваа година го организираме во Крушево, со поддршка на локалната самоуправа и истиот ќе донесе нови посетители за нашата општина“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Во 2019 година не очекуваат многу настани од областа на културата и спортот, но и авантуристичкиот туризам со меѓународните параглајдинг натпревари.

За подетални информации следете го официјалниот настан на веб порталот krushevo.com:

http://krushevo.com/events/48-mi-drzhaven-festival-na-neprofesionalen-film

Please follow and like us:
Share