Продолжува изградбата на резервоарот за вода во Борино

Продолжува изградбата на резервоарот за питка вода во с. Борино, проект кој започна минатата година со цел обезбедување на вода за жителите на ова населено место.

Денес (05.03.2019) градоначалникот на општина Крушево Томе Христсоски и директорот на ЈП „Комуна“ Наум Илиески го посетија населеното место и направија увид во работите, а градоначалникот изрази уверување дека проектот ќе финишира за скоро време и ќе биде ставен во функција.

„Денес го посетивме с. Борино, поточно ја следиме изградбата на резервоарот за питка вода во истото село, при што очекуваме за многу брзо време да биде оспособен и ставен во функција.
Ова е значаен инфраструктурен проект за населението од с.Борино ветуван повеќе од 30 години.“, изјави градоначалникот при посетата на Борино.

Please follow and like us:
Share