„ЛЕД“ осветлување на главната улица во Крушево

Општина Крушево започна со поквалитетно и подобро осветлување на главната сообраќајница во градот која води до хотелите, вилите, музеите и другите туристички атракции.

Се поставуваат нови „ЛЕД“ сијалици од влезот на градот, па се до „Гумење“ и истите придонесуваат кон подобра осветленост на градот.

„Се поставуваат нови „ЛЕД“ светилки почнувајќи од влезот на градот во должина на целата главна сообраќајница. Со овој влог подобро ќе ја осветлиме главната улица во градот, а секако ќе продолжиме со редовно сервисирање и поставување нови сијалици во градот и во населените места“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.