Општина Крушево на саем во Белград, Србија, илјадници посетители ќе дознаат за Крушево

По саемот во Софија, Бугарија, општина Крушево со свој промотивен материјал се претставува и на саемот во Белград, Србија, од 21 до 24 февруари.

Деновиве многу странски посетители ќе се запознаат со дел од понудата на Крушево, неговите убавини и се она што е атрактивно за заинтересираните посетители.

Во рамки на вториот ден од саемот претставниците од локалната самоуправа ќе одржат и десет минутна презентација пред посетителите на саемот.

На саемите во Бугарија и Србија општина Крушево настапува заеднички со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Преку овие два саеми општина Крушево ја промовира општината на европско и светско ниво и со тоа продолжува со процесот на креирање на препознатлива дестинација кај домашните и странските потенцијални посетители.