Општина Крушево со свој штанд на саемот во Софија, Бугарија

Општина Крушево од 14.02.2019 до 16.02.2019 учествува на меѓународен саем за туризам во Софија, Бугарија, како дел од проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристичкиот туризам“.

Според градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски преку овие активности Крушево се става на мапата на странските посетители како дестинација за авантуристички туризам.

„Промоцијата ни е многу важна и покрај тоа што правиме одлична промоција во границите на нашата држава, овие саеми ќе ни помогнат да се претставиме пред странските потенцијални посетители.“, изјави градоначалникот на општина Крушево.

Во рамките на проектот локалната самоуправа ќе го посети и саемот во Белград, Србија