Почетна » Вести » Известување за туристичките работници

Известување за туристичките работници

Агенција за промоција и поддршка на туризмот

И З В Е С Т У В А Њ Е

Се известуваат сите физички и правни субјекти кои се занимаваат со угостителска дејност за сместување на туристи на подрачјето на Општина Крушево, дека според Законот за такса за привремен престој (туристичка такса) се должни при наплата  на извршената услуга  за ноќевање истовремено да наплатат и такса за привремен престој (туристичка такса), по лице за остварено ноќевање, како за домашните така и за странските туристи.

Износот на таксата за привремен престој е 40,00 денари дневно по лице по остварено ноќевање.

Лицата кои се занимаваат со угостителска дејност за сместување на туристи се должни да водат книги за евиденција на домашни и странски туристи т.е да ги запишуваат туристите во книгите по име и презиме, дата на раѓање, улица и место на живеење. Како и дата на доаѓање и дата на заминување.

Книгите за евиденција на туристи да бидат истакнати на видно место во објектот и достапни во секое време заради вршење на контрола од страна на овластеното лице на Општина Крушево како и од пазарната инспекција.

Според член 4 и 5 од Законот за такса за привремен престој (Сл. Весник на Р.М.бр19/96,26/02,51/03,88/08,17/11) ТАКСА ЗА ПРИВРЕМЕН ПРЕСТОЈ НЕ ПЛАЌААТ ДРЖАВЈАНИТЕ НА Р.М. и тоа:

-лица до 18 години;

-слепи и глуви лица и лица со телесна инвалидност;

-ученици на училишни екскурзии и кога изведуваат настава во природа;

-лица кои се наоѓаат на лекување;

-сопственикот на сместувачкиот објект (куќа,соба,стан за издавање) и неговото семејство;

-учесници на спортски игри  и натпревари кои ги организира синдикатот.

Младинци и студенти државјани на Р.М сместени во младински одморалишта и домови како и спортисти од Р.М. (поединци и екипи) кога се подготвуваат за натпревари плаќаат ТАКСА  за привремен престој во износ од 10,00 ден дневно.

Средствата од таксата за привремен престој треба да се платат до 15-от (петнаесетиот) ден во тековниот месец за изминатиот месец.

За непочитување на плаќањето на таксата за привремен престој ќе следат казни  и тоа за правните лица глоба од 2000 до 4000 евра во денарска против-вредност, додека за физичките лица глобата е 600 евра во денарска проти-вредност.

Share