ЈАВЕН ПОВИК За распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Крушево за 2019 година за здруженија и фондации од Општина Крушево.

Јавниот повик се распишува за доделување на финансиските средства предвидени во Ставката 463 Трансфер до Невладини организации oд Буџетот на Општина Крушево за 2019 година. Вкупниот износ на средства од Ставката 463 изнесува 470 000,00 ден. и тоа за потпрограмите 463110 – трансфери до Здруженија на граѓани и фондации износот е 130 000,00 денари и за потпрограмата 463120 трансвер до спортски клубови 340 000,00 денари. Средствата на Здруженијата на граѓани и фондациите ќе се доделат еднократно, додека на спортските клубови ќе се доделат двократно.

Право на учество

Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата и Фондации, со седиште во Општина Крушево. Резултатите од спроведените проекти/програми ќе бидат остварени во општина Крушево.   

Основни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:

-корисниците да се регистрирани согласно Законот за здруженијата и фондации;

-корисниците да имаат седиште во Општина Крушево;

-да се регистрирани најмалку три месеци пред датумот на ојавувањето на повикот

-активностите задолжително да се одвиваат на територијата на Општина Крушево

Посебни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:

Предложените цели и активности од Годишните програми да кореспондираат со Стратешките – развојни документи на Општина Крушево

– Доделените средства да се користат исклучително за покривање на директните трошоци, односно за реализација на активности предвидени во годишната програма.

Времетраење

Предвидениот период за реализација на активности да биде заклучно со 31 декември 2019 година со евентуално барање за продолжување на истите заради оправдани причини.

Потребна документација која Здружението или Фондацијата треба да ги достави кон Пријавата.

Покрај пријавата за финансиска поддршка, Здружението или фондацијата која треба да биде пополнета  /со печатни букви во кирилско писмо/ потпишана од застапникот , заверена со печат и штембил, Здружението или Фондацијата задолжително треба да ги достави следниве прилози:

1. Пополнета „Пријава“ која може да се симне од веб страницата на Општина Крушево

2. Годишна програма за работа за 2019 година

3. Копија од Решението за упис во регистарот на Здруженија и Фондации,

4. Профил на организацијата со референтна листа на досега реализирани проекти

5. Извештај за добиените средства од Општината Крушево во  изминатата фискална година и начинот на нивната реализација.

6. CV (кратка биографија) на главниот вклучен персонал

7. Меморандум за соработка помеѓу партнерите

Јавниот повик е објавен на Огласна табла на Општина Крушево и на Веб страната

www.krusevo.gov.mk

Датум на објавување на јавниот повик: 08 февруари 2019 год.

Краен рок за доставување на пријавите: 10 март 2019 год.

Потребната документација можи да ја подигните од Општина Крушево или да ја симнете од објавата на Јавниот повик на ВЕБ страната на Општина Крушево.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта или лично на адреса:

Општина Крушево – Одделение за ЛЕР

Ул.„Никола Ѓурковиќ“Бр.16

Крушево

На пликот во горниот лев агол треба да стои „Не отварај“, а во долниот десен агол За јавен повик по Ставка 463 Трансфер до Невладини организации

Напомена: Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените прилози не се враќаат.

Здруженијата или Фондациите учеснички на огласот ќе бидат известени за резултатите во рок од  15 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општината Крушево за 2019 година, наменети за финансирање на програмски активности на Здруженија и фондации.

Лице за контакт:

Кире Аврамоски

Самостоен референт во Одделение за ЛЕР/Општина Крушево

Тел:++389 78 838 329

mail: kire.avramoski@krusevo.gov.mk

       ОПШТИНА КРУШЕВО

                                                                                                                    ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                 м-р Томе Христоски

Документи:

Please follow and like us:
Share