Општина Крушево изразува сочуство за смртта на Ангела Билјаноска/ Municipality of Krusevo expresses condolences for the death of Angela Biljanoska

Општина Крушево сака да изрази сочуство за смртта на личноста Ангела Билјаноска, голем хуманитарец и добродетел за крушевчани и Крушево.

Веста за смртта на Ангела Билјаноска општина Крушево ја прими со големо жалење со оглед на тоа што оваа личност направи многу добри дела за Крушево и помогна на многу институции и граѓани на општината.

Ангела Билјаноска својата смрт ја дочекала во Германија.

Ангела Билјаноска беше омажена за Јоше Билјаноски, наш сограѓанин од општина Крушево и пред многу години донирала многу работи, особено за здравствениот дом во Крушево, како ехо апарати и други неопходни материјали во големи количини. Иако, најголемите донации оделе за здравствениот дом сепак Ангела Билјаноска помагала во спортот и во други области. Билјаноска своевремено организирала хуманитарен концерт и собраните средства биле донирани за Крушево.

Уште еднаш, изразуваме сочуство за овој голем добродетел на Крушево. Нејзината смрт не потсети на огромниот број добри дела и Крушево ќе ја памети за секогаш оваа личност и нејзината искрена хуманост.

Нека почива во мир.

Municipality of Krusevo wants to express a compassion for the loss of Angela Biljanoska, great humanitarian and person with virtue for the citizens of Krusevo and the town of Krusevo.

The notice of the death of Angela Biljanoska was received with big regret an sorrow by the Municipality of Krusevo, and the local community having in mind the good deeds and help of this person for Krusevo.

Angela Biljanoska died in her home in Germany.

Angela Biljanoska was married to our fellow citizen Jose Biljanoski and for years she performed big donations especially for the hospital in Krusevo, like cardiovascular ultrasound machines and many other materials and donations for the citizens and the institutions.

Even though the most of the donations ended at the local hospital Angela Biljanoska helped sports clubs and others. Further on Biljanoska organized a humanitarian festival and the collected funds were donated for Krusevo.

Once more, we want to express our deep condolences for the big loss. Her death reminded us of the great number of good deeds by Biljanoska, and Krusevo will remember her, and her sincere help and contribution.

Rest in peace, Angela Biljanoska.

Please follow and like us:
Share