Се очекуваат повеќе од 1 000 посетители за фестивалот „When in Krusevo – Winter is Here“

Викендов се одржува фестивалот на отворено „When in Krusevo – WInter is Here“ на кој веќе се пријавени неколку стотина учесници, а сместувачките капацитети, кои се дел од органзиацијата, се речиси исполнети до последно место.

Викендот што претстои, 08 – 10 февруари, Крушево ќе го посетат повеќе од 1 000 туристи кои ќе пристигнат заедно со учесниците на фестивалот, но и заради програмата која овој викенд е богата.

Според градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски овие настани се дополнителен поттик во зголемувањето на бројот на посетители.

„Настаните како „Вен ин Крушево“ се сериозен поттик за зголемување на бројот на посетители, а исполнетата програма со културни и спортски настани полека го претвора Крушево во дестинација за 4 сезони. Токму затоа, ги поттикнуваме сите млади луѓе, организации и други да организираат активности во Крушево и за тоа локалната самоуправа ќе дава целосна поддршка “, порачува градоначалникот Христоски.

На последното летно издание на фестивалот Крушево беше посетено од 3 000 посетители во само еден викенд, а организаторите најавуваат дека ќе продолжат со организација и оваа година.

Програмата за настанот можете да ја погледнете на линкот подолу:

http://krushevo.com/mk/events/when-krusevo-winter-here

Please follow and like us:
Share