За година и 3 месеци особен придонес во туризмот, културата, транспарентност и економија

По една година и 3 месеци на чело на општина Крушево на градоначалникот Томе Христоски локалната самоуправа оствари особен придонес во областите култура, транспарентност и отчетност, туризам и локална економија.

Во 2018 година општина Крушево забележа 67 отсто раст на бројот на туристи во споредба со 2017 година. Исто така, се продолжува и престојот на посетителите на Крушево – од 3,9 дена во 2017 на 4,5 во 2018 година во проеск. Според градоначалникот Христоски ова е директна последица од активната промоција, богата културна програма и проектите кои се реализираат во областа туризам.

Според индексот на транспарентност, публикација на Центарот за граѓански комуникации и Цивика мобилитас, општина Крушево е општина со највисок раст во транспарентноста во конкуренција на сите државни и локални институции и најтранспарентна општина во Македонија.

„Отвореноста кон граѓаните е клучна во создавање и одржување на меѓусебна доверба и комуникација. Често пати на наша штета била објава на одредени информации и преземени мерки, но тоа е наша обврска и по секоја цена информациите мора да стигнат до граѓаните“, потенцира градоначалникот на општина Крушево.

Под раководната палка на градоначалникот, обавувајќи ја фунцкијата претседател на Манифестацијата научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“ овој традиционален настан станува манифестација од национален интерес во културата за 2018 година.

„Ја модернизиравме и дополнително ја збогатуваме програмата за оваа манифестација, паралелно со зачувувањето на вистинските вредности. Тоа резултираше со раст од околу 30 отсто на бројот на туристи во тие десет дена кога се одржува манифестацијата, во споредба со 2017 година.“ изјави градоначалникот на општина Крушево.

Една од првите мерки по стапувањето на позицијата градоначалникот на Крушево ги скрати непотребни трошења, меѓу кои беа дневници кои се користат при службените патувања надвор од општината. Со тоа, како што вели градоначалникот, се заштедија пари на граѓаните и се пренаменија за суштински потреби на градот и населените места.

Покрај овие наведени активности и проекти во изминатите година и 3 месеци општина Крушево реализираше многу проекти и во областите како јавна хигиена, безбедност и услуги кон граѓаните, добивање на средства од домашни и странски фондови за изградба на инфраструктура, привлекување на инвестиции и друго.