Објавена програмата за When in Krusevo – Winter is Here

Од 8-ми до 10-ти февруари во Крушево ќе се одржи фестивалот на отворено „When in Krusevo – WInter is here“ со многу авантура, вкусна храна и забава.

Организаторите веќе ја објавија програмата за фестивалот и сите заинтересирани веќе можат да резервираат место.

Програмата можете да ја погледнете на следниот линк http://krushevo.com/mk/events/when-krusevo-winter-here

За градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски ваквите настани ја придвижуваат локалната економија, но и ја збогатуваат туристичката понуда на Крушево.

„Овој настан ќе ја придвижи локалната економија, дополнително, со самото тоа што издавачите на соби, рестораните, пицериите и кафулињата се дел од настанот. Исто така, особено ми е драго што Крушево има иновативни и храбри луѓе што организираат вакви настани и ја збогатуваат туристичката понуда.“, порачува градоначалникот Христоски.

Неколку години по ред овој фестивал се одржува во летниот период, но почнувајќи од 2019 година се одржува и т.н. зимска верзија на фестивалот.