Утре, одбележување на годишнина од раѓањето на Тоше Проески

Утре, 25.01.2019, со почеток во 11:30 часот ќе започне „Одбележувањето на годишнина од раѓањето на Тоше Проески“, со полагање на цвеќе на вечното почивалиште на Тоше и со прикладна програма во спомен куќата „Тодор Проески“.

Специјален гостин на овој настан е познатата македонската пејачка и пријателка на Тоше Проески Елена Ристеска, која ќе настапи со интерпретација на неколку песни од Тоше.

Целосната агенда за настанот можете да ја најдете на следниот линк:

http://krushevo.com/mk/events/odbelezhuvane-na-rodendenot-na-toshe-proeski

Организатори на настанот се: Општина Крушево, Спомен куќа „Тодор Проески, Меѓународна фондација „Тоше Проески“, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“.