Општина Крушево набави нов камион за собирање на отпад

Општина Крушево набави нов камион за собирање на отпад преку Програмата за рамномерен регионален развој на Бирото за регионален развој, а во соработка со Министерството за локална самоуправа и Центарот за развој на пелагониско планскиот регион.

Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески денес присуствуваше на промоцијата на новото возило и честита на општините Крушево и Демир Хисар кои учествуваа во набавката на новите возила.

„Драго ми е што денес сум во Крушево со градоначалниците на општина Демир Хисар и Крушево и од денес двете општини ќе можат да ги користат овие возила за собирање на комунален отпад.“, изјави Заменик министерот Павлески.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски изјави дека со ова локалната самоуправа продолжува да работи на подобрување и опремување на комуналното претпријатие со цел почиста животна средина.

„Новиот камион за собирање на отпад ќе придонесе кон подобро и поефикасно собирање на отпадот во Крушево, а преку оваа набавка дополнително го опремуваме и оспособуваме јавното комунално претпријатие „Комуна“.

Голема благодарност до Министерството за локална самоуправа и Центарот за развој на пелагонискиот регион кои асистираа при набавка на возилото преку Програмата за рамномерен регионален развој на Бирото за регионален развој.“, додаде градоначалникот Христоски.

Изјава за медиуми дадоа и Директорот на Центарот за развој на пелагонискиот регион Гого Видимче и градоначалникот на општина Демир Хисар Марјанче Стојановски.