Одбележување на Водици во Крушево, Врбоец и Св. Митрани

Во водите на Крушевско езеро по светиот крст, по повод празникот Водици, се фрлија околу 30 капачи, а крстот го фати Атанас Неделковски.

Локалната самоуправа во соработка со Реле Брокер доделија вредносен ваучер во износ од 3 500 денари заедно со икона и Свето писмо за најсреќниот.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски лично додели икони за сите капачи, а ги посети населените места Врбоец и Св. Митрани каде што исто така додели икони за капачите.

На учесниците и сите граѓани градоначалникот Христоски го честиташе големиот христијански празник Богојавление Водици.

Исто така, директорката на ЈП „Комуна“ и Зегин доделија скромни подароци за најуспешниот капач.