НЕДЕЛЕН ИНФОРМАТОР (08.01-13.01.2019)

08.01.2019

  1. Општина Крушево објавува соопштение до граѓаните и медиумите за креирање на официјален профил на градоначалникот на општина Крушево и на социјалната мрежа „Твитер“

09.01.2019

  1. Поставување на нова линија за осветлување во населеното место Алданци.

Градоначалникот на општина Крушево преку социјалните мрежи порачува дека и покрај лошите временските услови се работи на терен за да се решаваат основните проблеми на граѓаните.

2. Претставници од Одделението за локален економски развој на 9-ти и 10-ти јануари учествуваа на претподготовка на проект дел од Програмата за прекугранична соработка.

11.01.2019

  1. Општина Крушево во соработка со Амбасада на Германија и ЈКП „Комуна“ ќе набават трактор со плуг за чистење снег и соларка.

2. „Комуна“ работи на расчистување на патот кон Пуста Река и населените места Долно и Горно Дивјаци. Расчистени и проодни улиците во градот и до населените места.

3. Се врши промена на учичните сијалици и се поставуваат нови во населените места Пресил и Бучин.